Илиевски стрелаше за нов триумф на ЦСКА (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Марио Илиевски беше еден од најзаслужните на теренот за победата на ЦСКА 1948 Софија против Септември Софија во 18. коло на бугарскиот шампионат.

Илиевски по само девет минути игра ја затресе мрежата на ривалот и донесе предност за ЦСКА. Домаќините во продолжение постигнаа уште три гола, од кои два беа поништени од ВАР-технологијата, но тоа не ги спречи да запишат триумф од 2-0.

ЦСКА со оваа победа скокна до деветтата позиција во лигата, додека Илиевски досега има постигнато четири гола и една асистенција.