Хаос во Австрија: Маскирани хулигани сакале да претепаат хрватски навивачи!
Австриските медиуми објавија дека помеѓу 50 и 60 маскирани хулигани со многу бејзбол палки и шипки планирале брутален напад врз хрватските навивачи по средбата која се играше вчера вечер.
Инцидентот се случил на автопатот А2 во близина на Траискирчена, а брзата интервенција на полицијата спречила поголем инцидент. Околу 21:00 часот повеќе возачи пријавиле навоеден судар, но полицијата подоцна потврдила дека станувало збор за лажна дојава.
Набрзо потоа застанале 15 до 20 автомобили паралелно на истата локција и од нив излегле повеќе лица кои се обиделе да дојдат до автобусот со хрватски навивачи. Полицијата спречила да дојде до судир. Според информации од нив биле одземени над 40 палки и шипки, но и други видови предмети.
Информациите засега се дека станувало збор за српски навивачи и припаднци на ултрасите на Црвена Звезда, „Делии“.