Грција со Србин на клупата ќе „брка“ пласман на Мундијалот во 2026 година

Поранешниот тренер на Панатинаикос, Иван Јовановиќ е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Грција во квалификациите за Европското првенство.

Оваа информација потврди грчкиот портал „Спорт ФМ“ наведувајќи дека Јовановиќ постигнал договор со фудбалскиот сојуз на Грција и ќе потпише двегодишен договор по изборот во сојузот на 22. јули.

На клупата на Грција, Јовановиќ ќе го замени Густаво Појет кој не успеа да го одведе тимот на Европското првенство. Првиот натпревар на Јовановиќ на клупата на Грција ќе биден атпреварот против Финска на 7. септември во Лигата на Нации.

Главна задача на Јовановиќ ќе биде да се пласира на Мундијалот во 2026 година. Грција на едно Светско првенство не учествувала од 2014 година.