Газпром останува спонзор на Ц. Звезда уште две години за – 8 милиони евра!

Рускиот гигант Газпром останува спонзор на српскиот шампион Црвена Звезда и во следните две години, откако црвено-белите и моќната компанија постигнале нов договор за соработка по исти услови како и досега, за вкупно осум милиони евра.

Рускиот гигант, кој ја снабдува со природен гас комплетна Европа, а во моментов гради уште два гасоводи (Северен тек 2 и Јужен тек) беше веројатно и клучната компанија која ја спаси Ц. Звезда од згаснување во турбулентниот период од 2012 до 2106 година, а сега Ц. Звезда има две учесва во групната фаза во ЛШ, каде руската комапнија исто така е спонзор.

Договорот на Ц. Звезда и Газпром останува на по четири милиони евра годишно, а досегашниот договор истекуваше веќе на крајот на оваа сезона (во јуни 2020), па експресно белградскиот гигант и Русите се договорија за нова соработка. Со новиот договор, кој би истекувал во 2022 година, практично ќе се заокружи цела една деценија на инвестирање на гигантот во поранешниот европски првак.

Денеска на официјална прес-конференција треба да се официјализира оваа нова соработка.