Гатузо пристигна во Сплит: Чест ми е што ќе тренирам клуб со богата историја!

Поранешниот фудбалер на Милан, Џенаро Гатузо пристигна во Сплит каде што ќе го преземе хрватскиот гигант Хајдук.

Гатузо беше пречекан од претседателот на Хајдук, Иван Билиќ, по што кажа дека му е чест што преземал клуб со богата историја.

„Хајдук е клуб со долга традиција и богата историја.Имаме многу работа за да го вратиме Хајдук на врвот“, кажа Гатузо.