Фудбалери на Партизан добија жестоки закани по победата над Ц. Звезда (ФОТО)

Ривалството меѓу Партизан и Црвена звезда е меѓу најжестоките во светот, а секоја победа во дербито претставува повеќе од самиот триумф.

Партизан и Црвена звезда во средата го одиграа полуфиналето во Купот на Србија, а до победа на овој меч дојдоа „црно-белите“ со минимални 1-0.

После големата победа, некои играчи на Партизан добија жестоки закани преку социјалната мрежа Инстаграм. Содржината на пораките не е за пренесување, а самите можете да ја прочитате.

Главните мета меѓу „црно-белите“ играчи беа дефанзивецот Бојан Остојиќ и капитенот и голман на тимот - Владимир Стојковиќ.

Партизан веќе презеде одредени мерки и ги пријави сторителите во надлежните институции, меѓутоа, ваквата состојба покажува и дека ривалството меѓу белградските клубови одамна ја премина линијата на спортското однесување.