Екс-младинскиот репрезентативец Бериша потпиша за Кукеси

Поранешниот македонски младински репрезентативец, Јакуп Бериша, кој е дете на Вардар, а играше уште за Шкупи, Шкендија и Пелистер во изминатата сезона го направи првиот интернационален трансфер и тоа во – Албанија.

Бериша, кој ги мина сите младински репрезентативни категории од У17 до У21 година денеска потпиша тригодишен договор со Кукеси и во овој клуб сега е најмладиот фудбалер. Тој во минатата сезона беше дел од битолски Пелистер, во ужасната сезона на битолчани, која заврши со испаѓање во Втората лига, па како слободен играч си замина од клубот.

Бериша е деснокрилен офанзивец, а во новиот клуб му се придружува на Антонио Илиески, кој претходно потпиша за овој тим.