Екс-играч на Академија Пандев се замисли дека е Тајсон, па го нокаутираше противникот (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Академија Пандев, Марио Маслаќ го направи најглупавиот можен потег во кариерата денеска на рестартот на сезоната во Србија, доби директен црвен картон откако се замисли дека е Мајк Тајсон, па го нокаутираше противникот.

Маслаќ кој замина од Струмица зимава и се пресели во Раднички Ниш, му удри бокс во лице на својот чувар при еден центаршут за нишлиите, па судијата без размислување го испрати во соблекувалната за да ја олади главата, а веројатно сега за потегот го чека и добра казна со која повеќе од извесно е дека ја заврши сезоната, а можеби ќе го пропушти и стартот на следната.

Маслаќ, кој има 29 години, освен во Академија Пандев играше и за струмичка Беласица, а во кариерата настапуваше и за Борац Чачак, Војводина, Иртиш Павлодар и Рига.