Динамо Загреб ќе заработи 19 милиони евра на фудбалер кој одигра само 15 меча

Динамо Загреб ќе направи уште еден сензационален трансфер, а станува збор за Јошко Гвардиол, кој ќе се пресели во Лајпциг, иако за неговиот потпис се бореше и Лидс, кој понуди и најмногу пари (24 милиони евра).

Лајпциг ќе плати 19 милиони евра за неговите услуги, а двата тима се договориле Гвардиол да остане на „Максимир“ до јануари, по што ќе се пресели во Германија.

Интересно е тоа што младиот фудбалер доаѓа токму од младинскиот тим на Динамо и за првиот тим одигра само 15 меча, а притоа постигна еден гол и една асистенција.