Динамо во Европа ќе игра на „Руевица“ во Риека?

Хрватскиот шампион Динамо Загреб повеќе од извесно е дека летово своите мечеви во Европа ќе ги игра на стадионот на Риека, „Руевица“, зашто домот во „Максимир“ најверојатно нема да биде во состојба да биде домаќин на мечевите, а тешко за верување е дека ќе добие и дозвола од УЕФА:

„Максимир“ е сериозно оштетен, особено источната трибина каде е нарушена статиката на стадионот после силниот земјотрес кој го погоди Загреб, а на јужната допрва треба да ѝ се направи преглед и инспекција дали статиката е добра или не.

„Ние имаме лиценца за следната сезона, ама одговорни сме ќе ја информираме и федерацијата околу состојбата на стадионот, па ќе видиме дали треба да бараме алтернативни решенија. Во моментов во Хрватска има само два стадиони од четврта категорија, 'Руевица' во Риека и 'Пољуд' во Сплит. Наш избор бил бил 'Руевица'“, рекол членот на динамовата управа, Крешимир Антолиќ.