Црвена Звезда го продолжи договорот со Станковиќ

Легендарниот Дејан Станковиќ ќе остане тренер на Црвена Звезда уште три години, откако денеска потпиша нов договор со српскиот гигант.

Иако имаше шпекулации дека Станковиќ ќе се раздели со Ц. Звезда, сепак двете страни решија да ги демантираат медиумите и да ја потврдат добрата соработка.

„Тренер на нашиот тим ќе остане Дејан Станковиќ, кој го продолжи договорот до 2025 година. Со овој потпис, управата на нашиот тим реши големо прашање пред следните предизвици“, соопшти екипата од Белград.

Станковиќ има големи амбиции и за следната сезона, па јасно ѝ ги соопшти на јавноста.

„Ништо не се менува во нашите цели. Ц. Звезда е таков тим што сакаме да ја освоиме двојната круна, да играме во групна фаза во Европа и да се обидеме да стигнеме што е можно подалеку“, кажа Станковиќ.