Цикарски се раздели со Ботев Пловдив

Поранешниот македонски репрезентативец, младински и сениорски, Мите Цикарски од денеска не е повеќе член на бугарскиот гигант Ботев Пловдив, откако спогодбено е раскинат договорот.

Цикарски кој е екс-фудбалер на Вардар, Работнички и Академија Пандев, во Ботев дојде ланското лето, па после година ипол сега си заминува од овој клуб, а во изминатиот период за бугарскиот клуб одигра 28 меча и даде еден гол.

Ботев објави дека двете страни спогодбено се договориле за прекин на соработката, па сега Цикарски е слободен и со чисти документи да најде нов клуб за продолжување на кариерата. Ботев му се заблагодари на 29-годишниот струмичанец за придонесот во изминатите година ипол за гигантот од Пловдив.

Цикарски во кариерата играше и за Етникос Ахна во Кипар, Јанина во Грција и за романски Газ Метан.