Бура во Хајдук, Калиниќ доби отказ пред дербито со Динамо!

По само четири месеци поминати на функцијата спортски директор на Хајдук, клубот му врачи отказ на Никола Калиниќ.

Овој отказ доаѓа пред големото дерби против Динамо Загреб кое се игра во петок.

„Никола Калиниќ од денеска повеќе не е спортски директор на Хајдук, клубот одлучи да го раскине договорот за соработка со него“, соопшти сплитскиот клуб и најави дека во текот на следната недела ќе биде назначен новиот спортски директор.

Причина за отказот на Калиниќ е летниот преоден рок, многумина ја критикуваа неговата работа, а критиките кулминираа со негова смена.