БиХ го запозна херојот од Зеница – момчето кое му го украде пенал-потсетникот на Донарума (ВИДЕО)

Репрезентација на БиХ практично имаше „играч повеќе“ во неодамнешната бараж-пресметка во Зеница за пласман на СП 2026 против Италија, откако покрај 11-те фудбалери и жешката атмосфера од трибините, огромна помош им донесе и 14-годишниот Афан Чизмиќ, кој направи потег за филм – му ги украде белешките за пенали на Џанлуиџи Донарума!

Момчето, кое било зад голот, успеало да дојде до листот со детални инструкции – кој играч како шутира, со која нога и во кој правец.

„Овде пишува кој шутира со десна, кој со лева… како изведуваат пенали“, откри младиот херој.

Донарума без својот лист со инструкции буквално остана без ориентација.

„Сите пет пенали ги бранеше фрлајќи се на лева страна – на среќа“, вели Чизмиќ.

Фрустрацијата кај италијанскиот голман експлодирала – според сведоштвата, тој нервозно довикувал кон обезбедувањето и полицијата, беснеел и пцуел покрај теренот, очигледно немоќен поради тоа што останал без клучните информации. Младиот Афан не застанал тука. По натпреварот, заедно со својот татко решил листот да го стави на аукција и сите средства да одат во хуманитарни цели.