Бачка Топола добива нов прекрасен стадион (ФОТО)

Српскиот прволигаш ТСЦ од Бачка Топола следната сезона ќе игра на нов прекрасен стадион. 

Клубот се пофали на социјалните мрежи дека градежните работи се одвиваат со одлично темпо и веќе се работи на теренот на новиот стадион. Целиот проект чини 13 милиони евра, а стадионот ќе биде капацитет со 4.500 гледачи. Во склоп на стадионот ќе има хотел, ресторан и тренинг-центар.