Аријан Адеми ќе биде подготвен за мечот на сезоната во Милано!

Иако има сериозен проблем со стапалото, капитенот на Динамо и макеоднски репрезентативец, Аријан Адеми ќе стисне заби во завршницата на есенската полусезона да ги одигра најважните два меча за „модрите“ во Лигата на шампионите, посебно клучниот идната недела во Милано против италијанска Аталанта.

Адеми се повреди уште во минатиот месец против Словенија играјќи за македонската селекција во триумфот со 2-1, но под блокади и инјекции, иако не етака наивна повредата, капитенот ги издржа мечевите со украински Шахтер, па ќе мора да стисне заби и за Аталанта, меч кој практично може да ја одреди судбината за европска пролет во елитата на загрепчани. Тренерот Ненад Бјелица го штеди Адеми за домашното првенство, па тој нема да игра на големото дерби во петок со Хајдук на „Максимир“, за да биде подготвен за пресметката со бергамашите.

„Адеми нема да игра со Хајдук, зашто ќе го чуваме за мечот со Аталанта. Нема потреба да ризикуваме премногу со Ари. За Хајдук го имаме Моро, така да Адеми работи добро во рехабилитацијата, добро напредува, вози велосипед и од утре веројатно ќе тргне со вистински тренинзи. Со четири-пет тренинзи ќе биде подготвен за Аталанта и би можел да игра во Милано“, рече Бјелица.

Адеми е фудбалер кој е исклучително важна алка во тимот на Динамо, зашто игра извонредна дефанзива, а е вистинската врска помеѓу одбраната и креативниот среден ред и практично тимот и сите успеси на Динамо во последните две години се незамислиби без него.