Антовски од Австрија Виена оди на едногодишен заем во Истра

Доскорешниот член на младата македонска репрезентација, левиот бек Филип Антовски во новата сезона ќе игра во хрватската НХЛ-лига, откако Австрија Виена го испрати на едногодишен заем во Истра.

Антовски лани потпиша за австрискиот великан, а во кариерата играше за вториот тим на Динамо Загреб, каде замина од Вардар и за бугарска Славија Софија.

Левиот бек ги мина сите младински македонски репрезентации, од таа до 17 години па се до младинската селекција, за која играше во два циклуси вклучително и неуспешниот последен за Еуро 2023.