„Ако кршевте нозе, како ние што ги кршиме главите на другите - сигурно ќе бевте прваци!“

Вчерашното дерби меѓу Хајдук и Ријека одиграно на „Пољуд“ не донесе само драматичен фудбал, туку и уште подраматична порака од трибините.

Навивачката група „Торцида“ го привлече вниманието со транспарент кој предизвика бурни реакции во јавноста, а кој беше поставен во делот каде што беа сместени најверните навивачи на Хајдук.

„Ако кршевте нозе, како ние што им ги кршиме главите на другите сигурно ќе бевте прваци, пи*ки мали“, порачаа домашните фанови.

Оваа жестока порака доаѓа во момент кога тензиите се на највисоко ниво, а сезоната влегува во финиш. Победата на Хајдук над Ријека (2-1) ја одложи одлуката за шампионот до последното коло, но токму атмосферата на трибините беше тоа што ја одбележа вечерта. Веќе неколку дена владее незадоволство меѓу сплитските навивачи, а поради можни инциденти, полицијата беше приморана да ги обезбедува тренинзите на тимот зад затворени врати. Сепак, токму победата над ривалот ја „разбуди“ Торцида – со порака што брзо се прошири на социјалните мрежи и спортските медиуми.

Поразот ја чинеше екипата од „Кантрида“ можноста да ја завери титулата во претпоследното коло, па сега трката останува отворена. Динамо и Ријека се израмнети со по 62 бода, додека Хајдук заостанува со два помалку. Ријека останува со предност, бидејќи со победа над Славен Белупо во последното коло – без разлика на другите резултати – ќе стане шампион.

ФОТО: EPA PHOTO