Адеми го пропушта Вилјареал – се стравува да не има скршеница на стапалото?

Капитенот на загрепски Динамо, Аријан Адеми, репрезентативецот на Македонија и асистентот во победничкиот гол во епскиот триумф во Германија на Елиф Елмас ќе го прескокне веќе извесно реваншот со Вилајреал во четврток во четвртфиналето во Лига Европа, но во хрватската престолнина стравуваат дека можеби веќе и ја заврши сезоната.

Адеми вчера играше скоро еден час, но во 58-та минута беше заменет од Милсав Оршиќ во тирумфот на „модрите“ против Локомотива. Арно ама, тренерот Дамир Крзнар по мечот призна дека повредата на „лавот“ не е наивна и дека првите проценки се доста лоши.

„Адеми има отечено стапало и ќе треба да го сочекаме рендгенот. Но, првите прогнози не се воопшто добри“, рече Крзнар.

За каква и колку тешка повреда станува збор веројатно денеска ќе биде познато, но во Загреб и во Македонија ќе стискаат палци за да не станува збор за скршеница поради која Адеми ќе се соочи со долга пауза, особено што само два месеци остануваат до стартот на Европското првенство и дебито на црвено-жолтите на големата сцена.