Најлошиот настап во уметничко лизгање во историја – Индиец доби нула! (ВИДЕО)
Многумина се прашуваа како воопшто Баџаџ заврши на ваков настан, а Индија која нема професионални лизгачи, се решила да го испрати него зашто тренирал по два часа дневно.
За техничкиот настап Индиецот доби нула, а во другите категории собра неколку поени за вкупни и мизерни 5,51 поен, доволни само за последно 25-то место. Баџаџ така ги надмина своите сонародници кои досега ги држеа рекордите.
Пери Сроха во 2021 година во Краснојарск доби очајни 0,84 бода за техничкиот настап, а претходно Харшита Равтани само 1,6 бода.