Големата трагедија во семејството на НХЛ-ѕвезда зачинета со морбидна објава на Инстаграм (ФОТО)

Финскиот хокеар, Микаел Гранлунд, кој настапува за екипата на Нешвил, сподели со своите фанови дека доживеал голема семејна трагедија.

Дваесет и осумгодишниот НХЛ-играч откри дека сопругата Ема родила мртва ќерка. Но, јавноста беше шокирана тоа што веднаш по породувањето, таа реши да објави фотографија заедно со мртвото дете.

Нашиот ангел се роди без чукање на срцето во вторникот. Надежта ја пронајдовме во тоа дека таа ќе нѐ гледа нас како ангел чувар. Веруваме дека сè се случува со причина, напиша Ема на Инстаграм, додавајќи фотографија направена веднаш по раѓањето додека ја држела мртвата ќерка.