Шпанија ги обедини титулите - сега е светски и европски шампион во ватерполо

Откако лани триумфираше на Европското првенство во Хрватска, ватерполо репрезентацијата на Шпанија денеска стана и светски шампион по победата во финалето од Мундијалот во Сингапур.

„Фуријата“ ја победи Унгарија со 15-13 и се израмни со својот денешен ривал и со Италија на врвот на најтрофејни селекции на светските првенства со по четири титули. Она што е најважно, Шпанија од денеска е апсолутен владетел во светското ватерполо.

Клучна денеска беше последната четвртина во која Унгарија влезе со предност од 10-9, но брзо беше потопена од ривалот. Се разбрани голманот Агире кој ѝ даде дополнителна сила на екипата, а на спротивната страна неговите соиграчи стрелаа од сите позиции. Додека капитенот Манхерц и Фекете форсираа со нерезонски удари и имаа 1/10 од игра, Шпанците ги имаа расположените Гранадос и Санахуја кои заедно постигнаа десет од вкупно 15 гола на нивната репрезентација.

Сето тоа придонесе во последната четвртина Шпанија да направи пресврт и со вкупно шест погодока во тие осум минути да се избори за пресврт и за титула. Колку последната година е блескава за Шпанците, најдобро зборува фактот дека тие во април ја освоија титулата и во Светскиот куп.

фото: EPA photo