Напаѓачите на ватерполистите на Ц. Звезда ги чека тешка затворска казна

Полицијата ги уапси напаѓачите на ватерполистите на Црвена Звезда, кои се обиделе да им ги земат обележјата на играчите, а притоа им нанеле телесни повреди и сега тие се обвинети за разбојништво.

Хулиганите ги удирале ватерполстите со боксови, клоци и палки по телото и им ги барале дресовите, а потоа ги навреувале со погрдни имиња и им се заканувале, по што еден од ватерполстите скокна во море за да се спаси, но на крајот сепак морал да им го даде дресот.

Полицијата работи на расветлување на случајот и денеска соопштија дека за ова криминално дело ќе им се суди и би можеле да заработат затворска казна до 12 години.