Мајка на ватерполист предизвика хаос на СП во Загреб - синот ѝ го фатиле за мадиња!

Младата ватерполо репрезентација на Србија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство за играчи до 20 години во Загреб, по драматична победа против Италија (16-14) по изведување на пенали.

Натпреварот беше одбележан со тензии и исклучувања, а до немири дојде и на трибините. Епилогот е дури 11 покажани црвени картони, од кои шест играчи беа исклучени со право на замена. Србија ја забележа втората победа на првенството, со што обезбеди директен пласман во четвртфиналето заедно со Шпанија.

Освен жестоката игра во базенот, до тензија дојде и на трибините. До инцидент дошло по контроверзна ситуација пред голот на Италијанците, кога еден од српските играчи наводно го фатил голманот Рубини за - мадињата. Тоа ја испровоцирало неговата мајка, која фрлила пластично шише кон српската клупа. Неколку српски навивачи се обиделе да реагираат, но ситуацијата брзо била смирена, без физички контакт.

Во четвртфиналето, Србија ќе се соочи со победникот од дуелот САД и победникот на натпреварот Германија – Иран, а меѓу осумте најдобри на СП се најдоа и Унгарија и Хрватска.