Еден од најдобрите ватерполисти на сите времиња во борба за живот со коронавирусот!

Ватерполистот Борис Злоковиќ се наоѓа во сериозна здравствена состојба во болница во Белград предизвикана од коронавирусот.

Црногорецот кој важи за еден од најдобрите ватерполисти на сите времиња има воспаление на белите дробови и моментално е на интензивна нега. Докторите велат дека неговата состојба е сериозна, но тој е стабилен. Прогнозите се дека 36-годишниот Злоковиќ може да се избори со болеста, а подршка стигна и од неговиот поранешен клубо од Италија, Про Река

„Борис навиваме за тебе“, објави клубот на Твитер.

Во својата богата кариера Злоковиќ настапуваше за Херцег Нови, Посилипо, Про Река и Раднички, а кариерата ја заврши во Јадран.