
Зверев нема шампионски ген - разочара и во Акапулко
Во Буенос Аирес и Рио де Жанеиро беше елиминиран во четвртфиналето, а синоќа доживеа пораз на турнирот во Акапулко уште во осминафиналната фаза. На сите три турнири, загуби од тенисери кои се далеку од елитата, прво од Серундоло, па од Комесана, а ноќеска и од 19-годишниот Лернер Тиен од САД кој е 83. на АТП листата.
Американецот славеше со 2-0, препуштајќи му само седум гема (6-3, 6-4) на првиот носител на турнирот кој е од серијата 500. Зверев имаше три шанси да му се доближи на АТП листата на Јаник Синер кој е суспендиран, но не искористи ниедна и разликата меѓу нив двајца останува 3.200 бода.