Зверев го победи Медведев: Надал остана без полуфинале во Лондон

Германскиот тенисер Александер Зверев го совлада Русинот Данил Медведев со 6-4 и 7-6 и се пласираше во полуфиналето на Завршниот мастерс во Лондон.

Со победата на Надал против Циципас, Русинот ги загуби шансите за пласман меѓу четворицата најдобри, па поради тоа и немаше некој мотив против Зверев, кого само победа го носеше во полуфиналето.

Во полуфиналето ќе се сретнат Стефанос Циципас и Роже Федерер, а другиот дуел го сочинуваат Доминик Тим и Александар Зверев.