Зверев го победи Ѓоковиќ па му се извини на мрежата

Александар Зверев се пласираше во големото финале на тенискиот турнир на Олимписките игри откако го совлада Новак Ѓоковиќ со 1-6, 6-3 и 6-1. 

Светскиот рекет број 1 и еден од најдобрите тенисери на сите времиња никако не успева да дојде до златниот медал на Олимписките игри иако три пати по ред игра полуфинале.

Тој мораше да му честита на помладиот противник, кој пак имаше силни зборови до Србинот на мрежата кога се поздравуваа по мечот.

„Ти си еден од најголемите играчи на сите времиња. Извини за ова“, му рече Зверев на Ѓоковиќ.

Германецот во големото финале за златото ќе се бори против Карен Хачанов од Русија, додека Ѓоковиќ во утешното финале ќе игра против Пабло Карењо Буста за бронзата.