Ждрепката за тенискиот турнир на Олимпијадата доцнеше зашто Мареј се откажа

Денеска во Париз се одржува ждрепката за тенискиот турнир на Олимписките игри, но почетокот на овој настан доцнеше неколку минути затоа што проблем направи британскиот тенисер Енди Мареј.

Во последен момент, тој одлучи да го откаже својот настап во сингл што значеше и негов крај на кариерата во поединечна конкуренција, па во Париз ќе настапи само во двојки. Поради тоа мораше да се направи реорганизација и поместување на тенисерите пред ждрепката и таа почна 10-15 минути подоцна.

Во двојки, Мареј ќе игра со Ден Еванс и ќе се обиде да освои нов медал откако освои златни медали во сингл во 2012 и 2016 година.