Згодна српска судијка му одржа лекција на безобразниот Грк Циципас (ВИДЕО)

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас успешно го продолжи својот пат на Австралијан опен, откако славеше против Беноа Пер со 3-1 во сетови, односно 6-3, 7-5, 6-7 и 6-4, а натпреварот го одбележа и српската судијка Маријана Вељовиќ.

Србинката го судеше натпреварот меѓу Циципас и Пер, кога во еден момент го предупреди грчкиот тенисер поради недозволена комуникација со тренерот во текот на мечот.

Ова не е првпат Гркот да прави сличен потег, а Циципас реагираше со иронична насмевка откако прво се збуни, но сепак потоа го прифати предупредувањето од Вељовиќ.

„Не знам што се случи. Се насмеав затоа што беше смешно поради мојата позиција на теренот. Бев далеку од тренерот, свртен со грб, па морав да се насмеам“, кажа Циципас.