Уште еден тенисер испадна од Вимблдон поради ковид-19!

Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут соопшти дека мора да се откаже од Вимблдон, откако добил позитивен тест на ковид-19, па така стана третиот играч кој мораше да се откаже од турнирот.

Агут требаше да се соочи против Даниел Галан во второто коло, но сепак мораше да се соочи со идентична судбина како Марин Чилиќ и Матео Беретини.

„За жал, денеска ги известив организаторите дека се повлекувам од турнирот. Вчера не се чувствував добро и се тестирав. Добив позитивен тест и мислам дека ова е најдобра одлука“, напиша Шпанецот.