Украински тенисер доживотно суспендиран поради наместени мечеви

Станислав Поплавскиј никогаш повеќе нема да може професионално да игра тенис, бидејќи доби доживотна суспензија поради местење мечеви. 

Единицата за интегритет во тенисот соопшти дека Украинецот учествувал во наместени мечеви и активности надвор од теренот во повеќе наврати во периодот помеѓу 2015 и 2019 година. 

Под „активности надвор од теренот“ се мисли на пренесување на резултатот од мечот во живо на трето лице за обложување, што исто така е забрането според сите начела на професионалниот тенис. Негов најдобар ранкинг во кариерата е 440.место на АТП ранг-листата. 

Поплавскиј е казнет и со 10.000 долари и ги прифати сите обвиненија.