Украинка падна на допинг, па се вади дека забранетата супстанца ѝ влегла со секс!

Една од најсексапилните тенисерки и голема надеж на украинскиот тенис, Дајана Јастремска на почетокот на годинава доби суспензија откако падна на допинг, откако тестот ѝ излегол позитивен на забранетата супстанца местерлон.

Јастремска после суспензијата, упорно тврди дека е невина и дека не се допингувала, а за позитивниот тест имаше урнебесно образложение – ѝ влегла супстанцата преку секс. Таа во одбраната во обид да ја докаже невиноста околу допинг скандалот, посочила дека супстанцата влегла во нејзиното тело преку секс со нејзиниот поранешен партнер.

Но, бившото момче на Дајана демантира дека воопшто користел местерлон, а го одбил и таткото на тенисерката за да ја преземе вината на себе за да ја ослободи од обвинение тенисерката. Дури и одбил да даде примерок од коса за да докаже дека користел такво нешто.

Официјално одбраната за да се докаже дека Јастремска не се допингувала е закажана за до крајот на месецов, а комплетната одбрана ќе се темели на тоа дека таа ја внела супстанцата преку секс.

Јастремска откако падна на допингот посочи дека во урината ѝ било најдено мало количество на местерлон, додавајќи дека таа индиректно била „контаминирана“.

„Кај мене имаше многу ниско ниво на местерлон, а поради тоа ниско ниво и негативниот тест две недели претходно, добив научни информации дека позитивниот резултат е можен како резултат на некаква контаминација. Плус, разбрав дека мажите оваа супстанца ја користат како лек, а таа не се препорачува на жени поради штетно дејство“, рекла Јастремска.