
Тенисерките поразени од Египет, Ѓорческа го предаде мечот
Стоилковска која играше прва денеска беше поразена од Хосам Салах во меч со три сета 2-1 (0-6, 6-3, 6-0). Одлчно го започна македонската тенисерка сетот освојувајќи го без да дозволи ниту еден гем на противничката, но потоа дојде до пад во нејзината игра. Египетската тенисерка го доби вториот со 6-3, додека во третиот сега Стоилковска не успеа да освои ниту гем.
Добро во мечот влезе и Ѓорческа и го доби првиот сет со 3-6, но потоа поради повреда при 4-1 за противничката во вториот сет мораше да го предаде мечот.
Следен предизвик за нашите тенисерки ќе биде домаќинот Кипар, а во тој меч веројатно ќе бидеме без Ѓорческа.