Тенисерки тргнаа да се поздрават, па за малку ќе се - „фатеа за коси“ (ВИДЕО)

Малку недостигаше дуелот меѓу Катерина Себов од Канада и Алисија Перкс од Америка да зврши со тепачка во осминафиналето на турнирот во Лас Вегас.

Тенисерката од Канада славеше со 2-0 во сетови, односно 6-0 и 7-6, па се пласираше во четвртфинале, по што следеше драма на теренот.

Дека нешто не е како што треба беше јасно веднаш по завршување на тај-брејкот, кога Американката го фрли рекетот.

Себов, наводно, на мрежа при поздравот силно ја притиснала раката на Перкс, која тргна физички да се пресмета, но реагираше веднаш судијата, како и уште неколку лица, кои успеаа да ја смират ситуацијата.,