Тенисерите загубија од Луксембург во Дејвис Купот

Македонската тениска селекција загуби со 1-2 од Луксембург во третата европска зона во Дејвис-купот, откако во двојки Кнаф/Родеш го победи нашиот пар Бугариќ/Марковски за конечен триумф.

Луксембуршката двојка славеше со 2-0 во сетови, 7-5, 6-4 за конечен триумф, откако претходно Калин Ивановски со 2-1 во сетови го победи Родеш со 7-6, 6-7, 6-4, а потоа Горазд Србљак загуби во два сета со 6-7, 5-7.

Македонија во третата зона ја очекуваат уште пресметки со Црна Гора и со Молдавија.