Тенисерите поразени во првите два меча на Дејвис купот од Кипар

Maкедонската Дејвис куп репрезентација која во ослабен состав настапува на Кипар денеска ги загуби првите два сингл меча против домаќинот.

Кипар поведе со 2-0 откако, Амар Хусеновиќ загуби со 2-0 во сетови против Менелос Ефстатиу кој доминираше на теренот и двата сета ги доби со 6-2 и 6-0. Слична беше сликата и во поразот на Стефан Мицов од Фотос Фотиадес, Мицов исто така загуби со 2-0 со 6-3 и 6-0.

Утре на програмата е првиот меч во двојки, а потоа ќе има и уште два сингл меча, почетокот е во 10 часот.