Таткото е тениски великан, а синот се бламира - во кариерата има освоено едвај еден сет

Лео Борг е син на славниот Бјорн Борг, еден од најдобрите тенисери на сите времиња, ама Лео по се изгледа нема ни процент од талентот на својот татко, па досега сѐ што одигра во кариерата се само – порази.

Неодамна Лео играше на квалификации за АТП-турнирот во Марбелја и таму учество во квалификациите обезбеди со позивница, а експресно го заврши настапот. Успеа да освои само еден гем во мечот кој траеше 51 минута, а загуби од 128-от тенисер на светот Евгениј Донској.

Една недела претходно играше на Челинџер, а и таму испадна во – првото коло. Даниел Тара го победи експресно со три загубени гема 6-1, 6-2.

Борг јуниор нема победа во кариерата, досега има десет мечеви и десет порази, а најголем успех му е освоен сет, единствен досега во кариерата, против Асрави Амра, 1.475-от тенисер на светот.

„Не сакам да се зборува за мене како син на легендарниот Бјорг. Сакам да зборуваат само за мене и мојот тенис. Подготвен сум за АТП ниво, знам дека можам да играм добро и сакам да се борам со силни тенисери. Не чувствувам притисок, па сакам само да одиграм најдобро што можам“, вели Лео.

Неговиот татко има вкупно 63 трофеи, од кои 11 гренслем пехари и важи за еден од најголемите во историјата на модерната ера на тенисот.