Стефан Мицов е победник на Отвореното тениско првенство на Македонија

Стефан Мицов ја освои титулата на Отвореното првенство за тенисери, кое се одржа изминативе три дена на терените на ТК Југ, во Скопје. 

 

Тенисерот на ТК Неготино, кој е повеќекратен шамион на Македонија, вчера, во финалето го совлада големиот ривал, Томислав Јотовски од домашниот ТК Југ, во три сета. Мицов поведе со 6-4 во првиот, Јотовски се врати со 6-2, но немаше сили да го одржи тоа ниво, па Мицов го затвори мечот со иста мера, 6-2 во третиот сет.

Со оваа победа Мицов се искачи на првото место на македонската ранг-листа за мажи, потистнувајќи го Горазд Србљак, кој не настапи на ова првенство. Јотовски го држи третото место.

Во женска конкуренција, пехарот го заслужи првата носителка, Александра Симева од Тениспарк, совладувајќи ја во финалето четвртата, Јана Стојанова од Академија,со 6-0, 6-2, со што остана без загубен сет на целиот турнир.