Србљак се пласира на главниот дел од фјучерсот во Анталија

Македонскиот тенисер Горазд Србљак оствари три победи во квалификациите и се пласира на главниот дел од фјучерс-турнирот во Анталија.

Србљак денеска беше подобар од 18-годишниот Фернандо Каваљо со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-3.

Македонецот претходно ги надигра Војчех Мареш со 6-4 и 6-3, како и Андреј Думитреску со 6-0 и 6-0.