Поранешен европски шампион дава 300.000 веднаш да го купи Митев!

Еден од најдобрите македонски репрезентативци на Светското првенство (СП) беше талентираниот Марко Митев, кој со неговите извонредни настапи ја воодушеви публиката, но привлече и интерес од поранешниот европски шампион Магдебург, објави „24 ракомет“.

Освојувачот на европската круна од 2023 година сака дополнително да го засили својот состав, па поради тоа е подготвен да плати 300.000 евра за веднаш да го купи Митев.

Митев има договор со Алкалоид до 2025 година, но екипата од Автокоманда би можела да го продаде за одлична сума на пари.

Македонскиот репрезентативец беше одличен во текот на целото СП и го покажа својот квалитет, кој очигледно го почитуваат и европските гиганти.