Скандал во Рим: Кирјос збесна и фрли столче сред терен, па го напушти турнирот! (ВИДЕО)

Австралискиот тенисер Нико Кирјос го напушти Мастерсот во Рим сред мечот со Каспер Руд и предизвика голем скандал.

Контроверзниот тенисер по резултат 3-6, 7-6 и 1-2 влезе во вербална пресметка со линискиот судија, по што доби казна од главниот судија.

Тогаш Кирјос целосно полуде, па шутна со шишето кон судијата, а потоа столчето го фрли на теренот, си ги зема работите и го напушти мечот.

Јавноста е згрозена од неговото однесување, а многумина побараа доживотна дисквалификација, со објаснување дека ги преминал сите граници.