Сите го напаѓаат, а тој – донира: Ѓоковиќ испрати помош за болница во Нови Пазар!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изминативе денови беше мета на жестоки напади речиси од целиот свет поради организацијата на „Адрија тур“, турнир кој неславно заврши во Задар по откривањето дека Григор Димитров е позитивен на коронавирусот, но тоа не го спречи првиот светски рекет да продолжи со својата хуманитарна работа.

Без разлика на многуте критики, популарниот Ноле денеска уплати околу 50.000 евра на сметка на болницата во Нови Пазар, градот кој е новото жариште во Србија со заболени со Ковид-19. Оваа вест беше потврдена од неговиот Пи-Ар тим, со напомена дека Ѓоковиќ сакал сето тоа да помине без голема помпа, односно дека негов основен мотив била помошта на луѓето, а не личната промоција.