Швјонтек има нов тренер - поранешниот на Клајстерс, Азаренка, Квитова...

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек неодамна се раздели со долгогодишниот тренер Томаш Викторовски поради што не учествуваше на претходните два турнира.

Тоа се одрази на резултатите и сега има минимална предност во однос на Сабаленка и можно е пред крајот на годината да го загуби првото место на ВТА листата. Долго се шпекулираше кој ќе го наследи Викторовски, но на крајот изборот падна на Вим Фисет, познат по својата работа со неколку поранешни број 1 тенисерки, како Ким Клајстерс, Викторија Азаренка, Петра Квитова, но и Сабине Лисицки, Симона Халеп, Сара Ерани итн.

 

 

„За својата кариера секогаш сум размислувала долгорочно, многу пати велев дека за мене ова е маратон, а не спринт и одлуките ги носам со тоа во главата. Од Вим гледам добар пристап, прекрасна визија и тоа што тој ќе биде голема предност за мене со своето искуство“, објави, меѓу другото, Швјонтек.

Прва обврска на Фисет ќе биде завршниот Мастерс од ВТА турот во Ријад кој е на програмата од 2 до 9 ноември, а каде Швјонтек ќе го брани првото место од Сабаленка.