Ѓоковиќ може да биде избркан од „Вимблдон“ поради - Марин Чилиќ!

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Новак Ѓоковиќ, се соочува со принудна елиминација од „Вимблдон“ и тоа по само едно одиграно коло, откако бил во контакт со колега заразен со коронавирусот.

Станува збор за Хрватот Марин Чилиќ, кој поради тоа го откажа настапот на гренслем-турнирот на трева, а кој би можел да му направи големи проблеми на српскиот колега. Популарниот Ноле бил виден како тренира со заразениот тенисер минатиот четврток, поради што би можел да биде ставен во изолација.

„Ги следиме инструкциите на Владата на Велика Британија поврзани со коронавирусот и ќе направиме се за да спречиме потенцијално ширење на коронавирусот на нашите терени“, изјавија организаторите на „Вимблдон“.

Ѓоковиќ речиси сигурно ќе биде приморан да направи тест за Ковид-19, а од резултатот дали ќе продолжи да игра или ќе мора да се повлече. Србинот вчера изгледаше добро на теренот настапувајќи против Кореецот Квон и тоа неколку дена по контактот со Чилиќ, поради што објективно е да се очекува дека тестот би требало да биде негативен.