„Се скарав со моето семејство, а сега почнав да разговарам со предмети и го губам разумот“

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас испрати чудна порака на Јутјуб по повеќе недели изолација поради Ковид-19.

Талентираниот Грк објави видео на кое раскажува што му се случува за време на карантинот и предизвика многу реакции од фановите.

„Вакви работи се случуваат кога сте долго време затворени во карантин. Почнувате да зборувате со предмети и да го губите разумот. Ако се прашувате зошто не сум со семејството, ќе ви кажам дека се скаравме пред неколку дена. Уште ги сакам, а навистина се радувам дека ќе ги видам пак, но сега во моментов беше многу стресно со нив и затоа решив да заминам. Не знам ниту што зборувам во моментов. Во последните денови читав книги, се обидував да научам нешто...“, вели Гркот.