„Се шокирав кога Серена Вилијамс ја видов гола“

Романската тенисерка Александра Каданту откри дека имала многу блиска средба со една од најдобрите тенисерки во историјата, Американката Серена Вилијамс, на Австралија опен во 2012 година.

Таа раскажа една анегдота додека ја делела соблекувална со позната Американка.

Мојот прв грен слем во кариерата и првото сеќавање на него е моментот кога за прв пат ја видов Серена Вилијамс во соблекувалната. Ја видов гола, се шокирав од тоа колку е голема. Неверојатно е како изгледа, како воопшто може да се движи и да игра толку многу, отрки Каданту за романските медиуми.

На нејзиното прво појавување на Австралија опен, Романката беше елиминирана во првото коло, додека Серена загуби во четвртото од Екатерина Макарова.