Се фалеше дека е познат по победата против Ѓоковиќ, па доживеа дебакл во првото коло

Италијанскиот тенисер Лука Нарди освои само три гема (0-6, 3-6) во првото коло од Индијан Велс и доживеа елиминација уште на стартот, од Камерон Нори од Велика Британија.

Можеби тука нема ништо чудно, ако се знае дека Нарди е 67. на АТП листата и не припаѓа во тенискиот крем, но на овој меч се одби од глава однесувањето од пред почетокот на турнирот. Тогаш, полн со самодоверба, зборуваше дека цел свет го знае по тоа што лани го победи Новак Ѓоковиќ исто така во Индијан Велс и тоа како 123. светски тенисер.

„Откако дојдов овде, почнав да чувствувам убави емоции. Тука не сум Лука Нарди, туку момчето кое го победи Новак Ѓоковиќ. Можеби не го знаат моето име, но познат сум по ланскиот триумф“, зборуваше Италијанецот пред турнирот.

Камерон Нори во второто коло ќе се сретне со Јиржи Лехечка од Чешка кој се наоѓа во одлична форма од почетокот на оваа сезона.