
Сакаше да се убие, влезе како „лаки лузер“, па дојде до историска победа на Ролан Гарос!
Тој во главниот жреб влезе како „среќен губитник“ (поразен во финалето од квалификациите), а вниманието на светската јавност го привлече не само со спортските резултати, туку и со својата лична приказна. Во едно од своите искрени обраќања, откри дека во минатото размислувал за самоубиство, но добил поддршка од бројни тенисери, меѓу кои и светската ѕвезда Новак Ѓоковиќ.
Симболично, Ѓоковиќ токму против него го одржа првиот тренинг на овогодишниот Ролан Гарос. Гомез во следното коло го очекува дуел против еден од фаворитите – победникот од дуелот помеѓу Данил Медведев и Камерон Нори.