
Радукану може да здивне, Вимблдон го спречи нејзиниот прогонувач да купи билети
За среќа на тенисерката, неговото барање е одбиено бидејќи името му е означено како безбедносен ризик. Радукану беше вознемирена затоа што мажот ја следел на четири турнири по ред, а ситуацијата кулминирала во февруари, на турнирот во Дубаи, каде тој ѝ дал писмо и побарал да се фотографира со неа. Поради неговото однесување, локалната полиција во Дубаи му издаде забрана за приближување, а тениските власти добиле известување за овој случај.
На спомнатиот турнир во Дубаи, Радукану беше толку вознемирена што плачеше и се криеше зад столчето на судијата додека обезбедувањето го бркаше прогонувачот од трибините. На Вимблдон, Британката нема да има таков проблем и ќе може да се фокусира само на своите настапи.